Тековни активности за „Злетовица“, ќе ги остават штипјани без вода 12 часа

Од седум часот наутро па се до доцните попладневни часови, сите жители, корисници на градскиот водовод ќе немаат доток на вода во нивните чешми.  Прекинот на водоснабдување не е поради дефект на некоја водоводна линија или поради некоја друга вообичаена причина како што е недостиг на вода во бунарскиот систем. Се работи за тековна активност  за имплементација на хидроситемот „Злетовица“. Според надлежните ќе биде поставен мерач за проток на вода. Ова тестирање на штипската филтерстаница  спаѓа во првата фаза  предтретман, додека со новиот проект  ќе се набави  и инсталира  опрема за  дополнување на на технолошки процес  со ултрафилтрација. Како што е познато водата од хидросистемот „Злетовица“ засега ја користат само жителите на Св. Николе и Пробиштип, првите општини кои навреме си изградија филтерстаници за прифакање на водите од Кнежево. Штип како општина наместо да гради нова фолтер станица со пари од владата  во износ од 5 милиони евра  прави доградба на  постоечката филтерстаница. Терндерот е добиен овој Јуни а со првото тестирање и проток на вода од хидросистемот злетовица ке се стартува истиот месец идната година.

Штип со вода за пиење се снабдува преку експлоатација на  подземните води од три локалитети. Тоа се штипско езеро ,АРМ и локалитетот Фортуна. Во најсушните периоди и на повисоките зони од градот постојано имаше недостиг на вода со цел догорочно решавање на проблемот со водоснабдување со 300 литри во секунда во наредните 30 години ќе биде обезбеден Штип  со сигурни и сосема доволни количини на вода. Идната 2021 година  дотурот на вода ќе биде дуплиран и штип ке биде еден од ретките градови каде ке има двојни количини на вода за пиење од два извори. На информациите за поголемата застапеност на манган во штипската вода за пиење ,надлежните уверуваат дека состојбата е под контрола.

Доколку 21 век е век на борба за квалитетна пивка вода за пиење, со профункционирањето на  новиот додаток на штипската филтерстаница и протокот на водите од „Злетовица“, штипјани ке го решат пробмелот со вода на многу идни поколенија./

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет