По дваесет дневен застој„Саса“ продолжува со производство

По дваесет дневен прекин на работата  од денес рудникот „Саса“ продолжува со редовно производство. Ова уследи по завршената поправка на оштетениот насип на хидро- јаловиште број 4 и направените дополниотелни инзинерски активности  со кои е обезбедена потребната сигурност и безбедност. Изминативе дваесет дена по големата еколошка  катастрофа  беа исполнети со  вонредни напори на колективот во кој се вработени 800 лица  се со цел да се овозможат   неопходните предуслови за продолжување на редовното производство. Денес компанијата го  доби соодветно одобрение од надлежните институции. За време на прекинот на производството, сите вработени во „Саса“ ги задржаа своите работни места. Саса ја плати високата цена на нечии пропуст, инвестицијата од пет милиони евра од пред една деценија за плански депонирање на јаловината како остаток при преработка на олово-цинковата руда ,високите вложувања на милионски средства од страна на рудникот  за целосна заштита од еколошки аспект на животната средина на 14 Септември оваа година се покажаа како непредвидливи бидејки вината за попуштањето на јаловиштето ќе треба да се бара во најскапоплатениот планерски инжинерски кадар кој го направи поставувањето на сите јаловишта. Дали рудниците „Саса“, менажерскиот тим  сите вработени и 8000те жители на Македонска Каеница  со излевањето на хидројаловиштето се жртви на недоволно обучен ,но скапо платен инзинерски кадар? За оваа дилема никој не сака да говори, но фактот дека раководството на овој рудник по хаваријата направи дополнителен ангажман на  странски експерти ,говори сам по себе за лоцирањето на вината.

Новоангажираните
 надворешни експерти, ќе вршат постојани, детални проверки на функционирањето на хидро-јаловиштето за да се осигура дека оваа постројка функционира согласно најдобрите стандарди.
Паралелно, компанијата работи на чистење на коритото на Каменичка река. Досега е завршено чистењето на речното коритото во приоритетните зони, посочени од страна на надлежниот инспекторат. Дополнително, рудникот САСА ангажираше меѓународни и домашни експерти кои подготвија детален план за темелно чистење и на останатиот дел од речното корито во должина од 14 километри.  Целата операција на чистење ќе се одвива во соработка и координација со општината Македонска Каменица и претставниците на месните заедници.
Инаку, рудникот САСА врши континуирано испитување на водата во реката.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет