Донаторска акција на кочанчани за 40 таблети на ученици од социјален ризик

 Ветено сторено, хуманите грагани донираа средства кој колку може, средства за купување таблети на учениците за следење на настава од далечина. Оваа акција уследи на иницијатива на  Модната групација ИНТ.

Донаторската акција со своето присуство ја поздравија и во неа учествуваа и оние кои кубурат со средства и оние со сигурни плати и оние на високи функции. Свои средства  донираа  и претседателот на Владата Зоран Заев, министрите Оливер Спасовски, Венко Филипче, Љупчо Николовски, како и повеќемина фунционери и стопанственици. Модната групација „ИНТ“ упати благодарност до сите што учествуваа во донаторската акција, која беше реализирана според сите мерки за заштита и протоколи за организирање јавни настани.

Комисија за утврдување на собраните парични средства од реализираната донаторска акција денеска ја констатираше вкупната сума, кон која градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ја додаде и половината од својата плата.

Наредниве денови, со собраните средства ќе се купат 40-ина таблети кои ќе бидат доделени на ученици што немаат можност да ја следат наставата од далечина.

Модната групација „ИНТ“ на почетокот на учебната година додели 12 илјади заштитни маски, по три за секој ученик во основното и во средното образование.

Маре Стојилова М нет

Дарко Лазев М нет