Нечујно „одбележан“ Меѓународниот ден на глувите во Штип

Нетранспарентната соработка помегу општинските здруженија со Националниот  сојуз на глуви и наглуви лица традициоинално продолжува и оваа година. За одбележувањето на Меѓународниот ден на глуви и наглуви лица и потенцирањето на дословната примена на Законот за употреба на  знаковниот јазик, денес во Штип не се слушна многу. Кој тоа се оглуши на потребата на оваа категориа на граѓани кои бараат рамноправен третман во заедницата? Зошто токму денес се молчеше за засилувањето на содржините во кои ќе биде применет знаковниот јазик. Според информациите на Мнет личностите кои се соочуваат со потешкотии во вербалната комуникација се желни за информации од различни содржини, но истите неможат да ги примаат без предходно прилагодување за емитување. Глувите и наглуви лица од Штип  и денес тивко и ненаметливо побараа поголема застапеност на знаковниот јазик во најразновидни детски, забавни и играни едукативни содржини. Оваа категорија на граѓани  пројавува поголем сензибилитет за сите актуелни случувања во заедницата, за латентната дискриминација на опшествството кон нив исто така остануваат тивки констатирајки дека во време на пандемија можеби е нормално да останат  макар и минимално маргинализирани.