Карбинска тиква за „Гинис“

Во малата бавча на седумдесет годишната Стојна Гоцева расте најголемата тиква. Од десетина семки увезени од Италија  изникнале тикви кои ја надминале нејзината височина. Градинарката од Карбинци го обожава органскиот начин на производство, но вели дека никој не очекувал на карбинската плодна почва да се развие толкав род чија фолемина не е забележана ниту во Италија каде ова сорта се смета за автохтона.

Најголемта  тиква достигнала должина од 2 метри и 34 сантиметри.од истата ќе се чуваат семки за реколтата 2021 вели во шега госпоѓа Стојна која живее во ритамот на природата и пропагира здрав начин на исхрана на населението за подобар имунитет и подолг животен век.

Овие вредни земјоделци со години ги снабдувале пазарите во источниот регион со прекрасни и здрави производи ,но од пред две години престанале да се занимаваат со помасовно производство од причина  што констатирале дека едно четиричлено семејство неможе да се прехрани од напорната работа во агробизнисот.

Вкусните тикви од кои се прават уштеповкусни специјалитети не се одкинуваат наеднаш од коренот ,едноставно се сечат по потреба ,а растението се остава да продолѓи да расте по принципот на регенативен  процес. Ова буквално значи најсвежа конзумација на која и предходи правилото од нива на трпеза.

Маре Стојилова М-Нет

Монтажа: Игор Зиврев