Кико Митев штипскиот „Робинзон Крусо“ во авантуристички поход на Латинска Америка – Перу (втор дел)

Секое патување си има своја, драж, носи пријатни чувста, потсвесно се замислува предвидената дестинација полна со изненадувања и секако една лепеза од туристички мозаик. Има патувања и кој носат неизвесност,заплет па и ризик како да се „претрча“ до предвидената цел. За тоа и таквите патувања се потребни подготовки и физички и психички. Згора на тоа, да се биде со илјадници километри далеку од дома во период повеќе од 6 месеци, во кој ви недостасува фамилијата, роднините, пријателите, храната, се првите симтоми или кризни моменти кој се јавуваат кај нашиот Кико Митев кој сепак продолжува со авантурата и со негова специфична констатација – „Многупати бев гладен, жеден, збунет, осамен и исплашен, но верувајте луѓе дека сето ова вреди, се исплати да се доживее, преживее и да се преточи во една специфична приказна“. Приказна на еден авантурист, пустолов од малата ни земја со големо име Македонија, кој по доживувањата во Колумбија и Еквадор денес не почестува со крстосувањето по древниот Перу.

Република Перу се наоѓа во западниот дел на Латинска Америка, на север се граничи со Еквадор и Колумбија, на исток со Бразил, на југо-исток со Боливија, на југ со Чиле а на запад излегува на Тихи океан – Пацифик. Перу уште се нарекува татковина на цивилизацијата на древниот народ Инки чија територија била најголема во Јужна или Латинска Америка до освојувањата од Шпанија во 16 век.

За Перу Кико Митев ќе напише: „ Во моментите кога во Колумбија и Еквадор видов и доживеав се, следеше Перу или јас би рекој магичниот Перу. Огромен и многу различен за што многумина велат дека централниот дел на Андите е всушност најубавиот. Насекаде се чувствува „мирисот“ на Инките, нивната мудрост и способност за специфични вонвременски градби кои до ден денес одолеваат на временските предизвици и за кој реков и ќе повторам дека се најпосетени на планетата Земја а се гледаат и оддалеку од вселената. Привилегија и чест е вели Кико да се почувствува магијата на Андите, пејсажот на Пацификот и бујната флора и фауна на Амазонија. Три во едно и сето тоа во Перу. Амазонија е приказна за себе, живот без технологија, со специјална диета , но како што вели Кико надополнета со многу храна од љубов за да се доживее и преживее една недела во Амазонија со огромна чест и почит кон тамошните староседелци како величенствени, горди и полни со некоја волшебна енергија.

Со наполнети батерии од Амазонија авантурата на Кико Митев продолжува кон Куско – некогашен главен град на империјата на Инките или најпосетуваниот град во Јужна Америка од едноставна причина што овој град е почетната точка за посетителите на Мачу Пикчу кој во превод значи „стара планина“. Ова светско познато археолошко наоѓалиште, оддалечено 80 км. од Куско се наоѓа на висина од 2340 м. на Андите. Инаку Мачу Пикчу во 1981 година бил прогласен за Перуанско историско светилиште а во 1983 година бил вклучен во Светското наследство на УНЕСКО. Интересно Мачу Пикчу почнал да се гради во 1400 година а светлоста на цивилизацијата ја доживеал во 1911 година кога Хирман Бигман – американски историчар го обзнанил на светот неговото откритие кое од тогаш до денес е позната светска туристичка атракција.

На патот кон Мачу Пикчу Кико Митев имаше несекојдневна авантура на планината Виножито која се наоѓа на 5000м. надморска висина на Андите. За историјатот на Мачу Пикчу, за цивилизациската култура на Инките за нивната архитектура на градба на големи височини, за одржувањето , за животот на луѓето на т.н. покрив на светот ќе следи нов напис во третиот дел од нашиот и на Кико Митев патепис во текот на утрешниот ден.

Драги Герасимов – Пушка