
Брегалница против Арсими ќе бара враќање на победничките патеки со доза на притисок со цел да може да биде во зоната за директен опстанок, бидејќи оваа соочување на два ривали во трката за опстанок.
Брегалница е на седмото место со десет бодови, колку што има и Арсими кој осми или во бараж зоната.
Ако домаќинот ја совлада Брегалница и со тоа стигне до трета сезонска победа ќе го помине тимот од Штип и ќе биде седми со 13 бодови, а пак Брегалница би била во бараж зоната како осма.
Од друга страна, ако „сините“ слават во Гостивар, тогаш ќе има 13 бодови и ќе се одлепат од бараж зоната, а во секој случај ќе имат уште една победа над директен конкурент за опстанок.
Гостинот од Штип е во нешто подобра форма со три порази една победа и едно реми, а пак домаќинот е со три ремија и два порази.
На првото соочување од оваа сезона Брегалница со 4:0 го декласираше Арсими, а овие две екипи досега четири пати се имаат соочено меѓусебно, двапати во Втора лига, еднаш во прва лига и еднаш на пријателски меч.
На сите мечеви имало најмалку три гола. Брегалница досега трипати била подобра, а Арсими само еднаш.
Александар Ванев, М-Нет