„Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот ‘под радар’ за пуштање на Михаилова“, велат од СДСМ

„Наместо одговорност за пуштањето на Ива Михаилова, граѓаните повторно гледаат како Мицкоски го штити Тошковски. Нема одговори како обвинета, со одземени македонски и бугарски пасош успеала да ја напушти државата. Тошковски на телевизија јавно признава дека границата е ‘швајцарско сирење’“, велат од СДСМ.

„А кој е надлежен за границата? Тошковски. Срамота е министерот што ја води полицијата, која ја обезбедува границата, да каже дека границата е швајцарско сирење. Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Никој не одговара. Нема правда.

А кој раководи со полицијата? Тошковски. Ама Мицкоски го штити Тошковски. Сега на сите им е јасен договорот под „радар“ за пуштање на Михаилова. Затоа наместо одговорност и оставка од Тошковски сега народот гледа театар“, соопшти СДСМ.

Текстот „Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот ‘под радар’ за пуштање на Михаилова“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.