„Наместо одговорност за пуштањето на Ива Михаилова, граѓаните повторно гледаат како Мицкоски го штити Тошковски. Нема одговори како обвинета, со одземени македонски и бугарски пасош успеала да ја напушти државата. Тошковски на телевизија јавно признава дека границата е ‘швајцарско сирење’“, велат од СДСМ.
„А кој е надлежен за границата? Тошковски. Срамота е министерот што ја води полицијата, која ја обезбедува границата, да каже дека границата е швајцарско сирење. Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Никој не одговара. Нема правда.
А кој раководи со полицијата? Тошковски. Ама Мицкоски го штити Тошковски. Сега на сите им е јасен договорот под „радар“ за пуштање на Михаилова. Затоа наместо одговорност и оставка од Тошковски сега народот гледа театар“, соопшти СДСМ.
Текстот „Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот ‘под радар’ за пуштање на Михаилова“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.