Брегалница ја продолжи победничката серија и заседна сама на врвот на табелата

„Сините“ момчиња од Штип уште еднаш блеснаа и остварија мошне значајна победа и тоа на гости кај респектабилниот тим на Кожув. Кога е најтешко и најважно, Брегалница со мудра и тактички паметна игра поставена од стручниот штаб на чело со Добринко Илиевски,знае да изненади и да постигне резултат кој и те како e важен и корисен. Во Гевгелија Брегалница дојде до рано водство кога уште во 5 минута капитенот Ристе Наумов постигна гол за почетен резултат од 0:1. Домашниот тим преку Кирил Стојков го израмни резултатот на 1:1 во 81 м. и ја врати неизвесноста на мечот. Но, и овој пат играч од клупата беше џокер на шефот Добринко Илиевски, поточно Андреј Кудијан со својот деби – гол во 89 м. и донесе победа и големи три бода на Брегалница. Во следното 4 коло кое ќе се одигра на 19 септември Брегалница на „градски“ во Штип ќе се сретне со екипата на Осогово од Кочани.

Тимот на Кит Го Пехчево гостуваше во Росоман на истоимената екипа и освои драгоцен бод, иако според извештаите биле блиску и до победа. Росоман до водство од 1:0 дојде со голот на Миланов во 27м. Дарко Алексовски беше сигурен егзекутор на најстрогата казна и од пенал постигна гол за израмнување на 1:1 во 33м. Домашните играчи повторно поведоа со гол во 48 м. а стрелец беше Дуков. Гостите од Пехчево преку Алпај Јусуф во 88 м. постигнаа гол за резултат 2:2 што се покажа и како конечен резултат. Во следното 4 коло тимот на Кит Го дома во Пехчево ја пречекува екипата на Тиквеш од Кавадарци. Еве ги комплетните резултати од ова 3 коло:

табела

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk