„Челичните“ од Штип „исковаа“ сребро, бронза и се закитија со признанија и дипломи на Велешкиот пливачки маратон

Малата но одбрана екипа на ПСК „Челични“ од Штип ги собра симпатиите на сите оние кои прусуствуваа на Велешкиот пливачки маратон во далечинско пливање.

Ова беше седмо издание на овој традиционален воден спектакл кој всушност како да беше и „седмица“ на лото за младите пливачи и пливачки на челичлните од Штип. Тренерот Мирко Јакимовски е мошне задоволен од постигнатото : – На трката на 1600 м. Вероника Зашевска го освои второто место и сребрен медал а Ивона Наумова беше трета и освои бронзен медал.

Честитки заслужуваат и останатите пливачи кои остварија свои пласмани, ги подобрија своите времиња и добија признанија, дипломи и тоа:Ренато Ристов и Методи Георгиев, како и највозрасниот пливач кој настапи а тоа е Кирил Рамбабов.

Оваа пливачка сезона покажа и докажа дека созрева една прекрасна, исклучително талентирана и надежна генерација која во услови на континентален град, без море, езеро па и без базени знае и умее да постигнува успешни и вредни резултати и да „жнее“ бериќетни медалји.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk