Да се истури цела вреќа пипер пред да се купи, граѓаните револтирани од скапан, ама и скап припер

Да се истури цела вреќа пипер, пред да се купи, бараат граѓаните на Штип. Револтирани од скап, ама и скапан пипер. Велат однадвор од вреќата убав и црвен, а на средината скапано разочарување. Плаќаат по цели 50 денари за килограм, а половина фрлаат во канта. Иако поевтинување има според продавачите, сепак купувачите остануваат со отворена уста пред да купат.

Прозиводители од струмичко на пазарот во Штип, кој продаваат со години, велат дека скапан пипер се познава од надвор на самата вреќа. Велат дека со години продаваат и досега немаат добиено никакви поплаки за ајварскиот пипер. Можно е велат, доколку не се внимава да има и разочарувања кај граѓаните.

Инаку, граѓаните велат дека и годинава ајвар ќе се прави, без оглед на ситуацијата. Најмногу повозрасните велат дека ќе прават заради нивните внучиња, иако цената е по 50 денари за килограм.

Иван Митев, М-Нет