Шкендија Арачиново на мегдан против Вардар, дебитантот сака бодови и од шампионот

ФОТО: Илхан Османи | ФК Шкендија Арачиново

Шампионот Вардар против дебитантот Шкендија Арачиново ќе бара враќање на победничките патеки, во меч кој ќе се одигра утре во 20 часот на теренот на Фудбалската федерација на Македонија.

„Вардарци“ со 11 бодови се наоѓаат на петтото место, два помалку од дебитантот од Арачиново кој со 13 бодови е на третото место и игра во победничка форма со три победи во низа.

Трите бодови се многу важни и за двете екипи за да го напаѓаат првото место, Вардар ќе оди по четвртата сезонска победа, а пак Шкендија Арачиново ќе го бара петтото сезонско славје. Ова ќе биде прво меѓусебно соочување на овие две екипи.

Шкендија Арачиново сака да потврди дека формата не е случајна и ќе сака докажување против шампионот Вардар, кој, пак, ќе мора да најде начин за триумф и прогрес кон челната позиција.

Доне Ристовски ќе ја дели правдата на овој натпревар, а ќе му помагаат Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓиески, а пак Фуркан Идризи е четврти судија.

Александар Ванев, М-Нет