
Трета година по ред, учениците од прво до петто одделение во штипските основни училишта добија бесплатни училишни униформи.
Општина Штип и годинава се погрижи униформите да бидат обезбедени за најмладите ученици.
Градоначалникот Иван Јорданов информира дека станува збор за висококвалитетни униформи.
Од Општината велат дека продолжувањето на оваа мерка е дел од активностите насочени кон подобрување на условите за учениците и поддршка на семејствата.
Мерката е дел од поддршката што локалната самоуправа ја насочува кон основното образование, со акцент на потребите на најмладите ученици.
Оттаму најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со активности насочени кон создавање подобри услови за учениците.
Иван Митев, М-Нет