Текстилец УГД од Штип ќе се натпреварува во кадетската ракометна лига, сезоната ја отвара на гостински терен

Во новата сезона 2026/2027 ракометниот клуб Текстилец УГД од Штип покрај настап во сениорска конкуренција, ќе настапува и во кадетска конкуренција.

Штипјани ќе бидат во групата Б од кадетската лига, каде ќе се натпреваруваат седум екипи, откако Радовиш го откажа учеството во кадетската лига.

Покрај Текстилец УГД, во групата Б ќе се натпреваруваат Младост, Македонија ЃП, Гемиџии до Велес, Мулти Есенс, Вардар и Куманово. Во групата А ќе бидат осум екипи односно Преспа, Прилеп, Алкалоид, Струга, Еурофарм Пелистер, Тиквеш, Пролет и Еурофарм Пелистер 2.

Екипата на Текстилец УГД во рамки на првото коло ќе гостува во Богданци кај Младост, а веќе во второто коло на домашен терен ќе игра против Вардар.

Во последното 14. коло од есенскиот дел Текстилец УГД ќе игра на домашен терен против Мулти Есенс.

Александар Ванев, М-Нет