
ГКК Штип со победа над актуелниот шампион МЗТ Скопје на пријателски натпревар ја отвори новата сала „Џексон“, откако штипјани беа подобри со 83:72 во однос на „штровите“.
Со овој натпревар свечено беше отворена новата спортска сала во градот под Исарот, која беше исполнета до последното седиште со одлична навивачка атмосфера како најава дека штипските кошаркари ќе имаат силна поддршка од трибините и полна сала на секој меч во Суперлигата.
Продолжува победничката низа на штипјани за време на подготовките, откако момците на Марјан Србиновски претходно триумфираа и над Пелистер на пријателски меч со резултат од 106:79.
Ова е одличен почеток на ГКК Штип во нивниот нов дом.
Александар Ванев, М-Нет