
На две локации, со богата музичка програма, пастрмајлии и илјадници посетители од земјава и странство, ќе се одржи овогодинешното издание на Штипска Пастрмајлијада. Манифестацијата ќе се одржува во петок и сабота, на 18 и 19 септември, на шеталиштето „Ванчо Прќе“ и на Градскиот стадион во Штипс. Поучени од минатогодишното издание, организаторите годинава најавуваат послужување пастрмајлии на двете локации, во унифицирани објекти.
,,Сакам да ја известам јавноста за подготвките за овогоинешното издание на штипска пастрамлијада. И оваа година очекуваме илјадници посетители, гости од страна, од околни држави и градови, да ги посетат угостителските објекти, да ја вкусат најдобрата пастрамајлија во градот домакин Штип. Да бидат на настанот на сите случувања кои се поврзани на овогодинешното издание на две локации, на шеталиштето Ванчо Прќе и на на градскиот стадион. Од аспект на промоција на кулутра секако оваа манифестација има забавен карат и дека граѓаните и гостите же уживаат во богата музичка програма и верувам и дека и овој пат ќе се покажеме како добри домакини. Од организациски апскет знаете дека петок и сабота се резервирани денови за манифесацијата пастрамалијада. Едната локација е штеалиштето Ванчо Прќе, а втората локација градскиот стадион. Поучени од минатогодишната пастрмалијада одлучивме на двете локации да има служење со брендот пастрамајлија и на градскиот стадион и на шеталиштето во унифицирани објекти кои же бидат поставени неколку дена пред одржувањето на самата манифестација. Богата музичка програма, познати музички имиња од државата и надовр од неа ќе бидат пристуни кои ќе се погрижат сите гости од страна да уживаат во сетоа она кое што го предивудваме, а во делот на сообраќајот секако се организираме повеќе паркинг површини, одреднеи измени во сообрачјниот режим со цел сите гости бидат соодветно пречекани и навремено да можат да стигнат до самата локација каде што се одржува манифестацијата.“, рече Јорданов
Жељко Јоксимовиќ, Лара Ивановска, Таско и Сара Јо се меѓу музичките имиња кои ќе настапат на годинешната Пастрмајлијада. Во сабота на Градскиот стадион ќе настапат и Јован Јованов и Елвир Мекиќ, пред централниот концерт на Јоксимовиќ.
,,Во петокот официјално е планирано започнување со традиционалното сечење на штипската пастрмајлија во 13 часот, а остатокот од денот ќе има богата музичка програма се до полноќ. Планирано е да има во петокот културно уметнички дружтва, ДЈ програма и како се приближува вечерта стигнуваме до концертот и забавниот карактер на настанот. Како главни имиња првата вечер д пастрамалијадата на локацијата шеталиште Ванчо Прке предивдено е да настапат од нашата домашна музичка сцена добро познатти Лара Ивановска и Таско и од Србија познатата артиска Сара Јо, која има. Точниот распоред ќе биде објавен. Во саботата исто така продолжува го започнуваме денот исто на шеталиштето Ванчо Прке, планирано е да се започне забавниот дел од пастрамалијада во 11 часот и ќе има настапи за сите катеогрии граѓани. Потоа во 19 часот се префрламе на градскиот стадион каде не очекува централанта концертна вечер. Таму главната ѕвезда е Желјко Јоксимовиќ, а пред него ќе настапат македоснкит познати пејачи Јован Јованов и Елвир Мекиќ“, додава Арсовски
Во пресрет на манифестацијата, од оопштината најавувааат повеќе паркинг места и измени во сообраќајниот режим, со цел полесен пристап и поголема безбедност за посетителите. Локациите за паркирање навремено ќе бидат објавени и достапни за граѓаните
09:46 alirame 10:01 parkiranje Сања Мијалкова-Судиклиева, Општина Штип
Цената на штипската пастрмајлија годинава ќе изнесува 250 денари, и покрај зголемените трошоци. За Пастрмајлијадата се пријавени повеќе од 30 угостители, со цел специјалитетот да биде достапен за што поголем број посетители.
Иван Митев, М-Нет