Жешко, па невреме – како варира притисокот кај повозрасните?

Покачен крвен притисок и главоболка можат да се појават како последица од температурните разлики – од екстремно жешко време, до благ пад и силно невреме, какво што бевме сведоци изминатите денови. Но, за повеќето постари граѓани, ваквите промени не се причина да останат дома. Велат, без разлика дали е жешко или ладно, мора да се излезе, да се завршат секојдневните обврски и да се функционира.

Ако почувствуваат нешто како последица од температурните разлики, граѓаните велат дека најчесто земаат апче, пијат ладна вода и чекаат да им помине. На лекар одат доколку почувствуваат дека притисокот им се покачил повеќе од вообичаено.

Останува да видиме дали температурните промени се само знак за крајот на летото, но и најава за почетокот на есента.

Ева Тушевска, М-Нет