
Кои се причините за намалувањето на бројот на ученици и се почестото затворање на училиштата во руралните средини? Проблемот најмногу се чувствува во помалите и места, каде што некои училишта остануваат со ученици кои се бројат на рака. Граѓаните на терен имаат различни мислења за тоа зошто е тоа така. Едни велат дека училиштата се затвораат затоа што нема млади, други дека се подоцна се стапува во брак и младите имаат само по едно дете, а трети како главна причина го посочуваат иселувањето во странство.
Кога е во прашање решението на проблемот, граѓаните различно гледаат на ситуацијата. Едни велат дека надлежните треба да најдат начин да ги задржат и мотивираат младите да останат во земјава, други сметаат дека треба да има повеќе можности за работа без врски, а трети бараат подобри услови за живот и сигурна иднина за младите семејства.
Инаку, министерката за образование во последната изјава оцени дека состојбата е алармантна и предупреди дека, доколку овој тренд продолжи, во иднина би можело да се затвораат и нови училишта. Од Министерството велат дека се преземаат потребните чекори за да се спречи натамошното влошување на состојбата.
Иван Митев, М-Нет