Зголемена матност на водата во Свети Николе поради невремето што го зафати источниот дел на Македонија

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Влахов, ја информираше јавноста дека, поради екстремно зголемената матност на водата предизвикана од невремето во источна Македонија, во моментов не е можна преработка на водата од ХС „Злетовица“. Мрежата се дренира до подобрување на квалитетот на водата. Иако сè уште има резерви за водоснабдување, граѓаните се повикуваат на рационално користење на водата, со цел евентуалниот прекин во водоснабдувањето да трае што е можно пократко.

Ева Тушевска, М-Нет