Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот денеска регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, еден е под контрола, а два се изгаснати.
-Активни пожари во моментов има седум: во општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (Општина Студеничани) и кракот кон с. Палиград, во правец на Преслап (Општина Зелениково), мешана шума; Општина Сарај – с. Копаница – с. Радуша, нискостеблеста шума и ниска вегетација; Општина Јегуновце – с. Копанце, мешана шума; Општина Чашка – над с. Нежилово, м.в. Сватови, ниска вегетација и единечни дрва; Општина Градско – с. Виничани, кај турските гробишта, ниска вегетација и дрвја; Општина Куманово – Агино Село, ниска вегетација; Општина Прилеп – с. Витолиште, м.в. Рамна Нива, ниска вегетација, наведуваат од ЦУК.
Пожарот во општините Гостивар и Македонски Брод – кај с. Трново (Општина Гостивар), со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод), нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат – е под контрола, додека пожарите во Општина Долнени – с. Црнилиште, ниска вегетација; Општина Босилово – с. Бориево, депонија, се изгаснати.
Текстот До 13 часот седум активни пожари низ државата е превземен од МАКФАКС.