
Бензинот поскапува за 1,5 , а дизелот за 3,5 денари. Од полноќ нови цени на горивата.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која од 25 август од 00:01 часот се зголемуваат максималните малопродажни цени на нафтените деривати во просек за 2,62 отсто.
Новите цена на горивата се:
Еуросупер БС-95: 93 денари/литар
Еуросупер БС-98: 95 денари/литар
Еуродизел: 101,50 денари/литар
Екстра лесно масло: 100,50 денари/литар
Мазут М-1 НС: 45,576 денари/килограм
РКЕ информира дека зголемувањето е резултат на повисоките референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во однос на претходната пресметка, бензините поскапеле во просек за 3,795 отсто, дизелот за 4,842 отсто, екстра лесното масло за 3,958 отсто, а мазутот за 6,467 отсто.
Eва Тушевска, М-Нет