
Нижат ли штипјани се уште везени пиперки? Граѓаните со поделени мислења. Дел од нив кажаа дека со игла и врвца ги нижат везените пиперки , ги ставаат на тераса да се сушат и во текот на зимата од нив подготвуваат различни јадења, гордо изјавија дека ја чуваат традиција и ја пренесуваат на своите потомци. За друг дел, пак, граѓани, везените пиперки се скапи, па не можат да си дозволат да купат и воопшто не јадат.
Граѓаните тврдат дека пинџурот и годинава ќе биде неизоставен дел од трпезата во студените зимски денови. Велат дека везените пиперки се најубави кога се лути, но и во комбинацијха со компири и гравче, а некои наместо нив ќе се одлучат за месо.
Зимата ќе дојде за неколку месеци, а во штипските домови веќе се знае што ќе има на трпезата – везени пиперки и домашен пинџур.
Eва Тушевска, М-Нет