
Огромна побарувачката на грозјето за празникот Преображение на штипскиот пазар, цената достигна 80 денари за килограм. Верниците и оваа година традиционално го купуваат по секоја цена, зашто според адетот во Штип, токму на Преображение првпат се вкусува благословеното грозје. Продавачите велат грозјетое благо, вкусно и квалитетно, а количините се продаваа уште рано утринава. Според нивните мненија, цената е реална и достапна за граѓаните.
Имајќи предвид цената, доброто време, како и доброто производство, производителите и трговците денес велат дека се задоволни.
Инаку, на овој ден верниците уште рано во кошница носат грозје во црквите, каде на самата литургија се осветува и благословува самото грозје. Се верува дека на овој ден, Господ Исус Христос со светиот дух ги преобразува луѓето и верниците. Денеска масовно се посетија сите цркви, заклучно со манастирите. Во штипско најпосетен беше манастирот Воскресение Хрисотово, во чиј простори се слави и денешниот празник Преображение.
Ева Тушевска, М-Нет