Треба ли и жените во Македонија да добијат два слободни дена за силни менструални болки?

Треба ли и во Македонија да се воведе можност за два дена платено отсуство за жени со силни менструални болки, по примерот на Црна Гора? Aнкетираните граѓани во Штип категорични дека треба. Велат дека кога болките се силни, тешко е да се оди на работа, да се седи осум часа и нормално да се завршат секојдневните обврски. Според нив, вакво право би им помогнало на многу жени кои секој месец се соочуваат со овој проблем.

Анкетираните велат дека е многу важно ова право да не се злоупотребува. Според нив, треба да им се овозможи на жените на кои навистина им е тешко, а не некој да го користи како изговор за да не оди на работа.

Инаку, жените од Штип се едногласни, дека треба да им се овозможат ваквите права, со цел да можат полесно да го поминат овој дел од месецот.

Иван Митев, М-Нет