
Во рамки на засилените полициски контроли спроведени во изминатото деноноќие низ државата, Министерството за внатрешни работи лишило од слобода вкупно 18 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила, а меѓу нив има и случаи од Делчево, Кочани и Македонска Каменица.
Според информациите на МВР, 17 лица биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола. Меѓу приведените се и по еден возач од Кочани и Делчево, кои ќе се соочат со соодветни законски постапки.
Дополнително, во село Дулица, Општина Македонска Каменица, полициските службеници привеле возач кој управувал под дејство на алкохол. Тој предизвикал и сообраќајна незгода во која била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Воедно, Министерството повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила, да не управуваат возило без возачка дозвола, доколку им е изречена забрана за управување или кога се под дејство на алкохол, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата.