Ајварска пиперка по 100 денари за кило на штипскиот пазар, ќе се прави ли ајвар годинава?

По 100 денари за кило, почна да се продава првата ајварска пиперка на штипскиот пазар, граѓаните во дилема дали ќе имаат или не финансии за да прават ајвар годинава. Едни велат еднаш се живее, ќе се прави во помали количини, други децидни оти не, бидејќи зимата ќе ја поминат со неколку купени тегли ајвар од продавница. Наместо печење над ќумбет, лупење, пржење и два дена работа, повеќе штипјани се решени маката да ја скратат со купување.

Кога би се зело во предвид целата работа, граѓаните велат се помалку домакинки ќе подготват ајвар и годинава. Трошок се велат и дрвата, водата и останатите работи за да се подготви ова јадење, но и времето потрошено

Инаку, првата ајварска пиперка, годинава стаса уште пред Илинден. Производителите велат тешко е производството летовот, поради сушата, но и невремето кое го погоди регионов, цената децидни ке биде висока.

Иван Митев, М-Нет