На денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери, се разговаравше за клучните активности од Реформската агенда во правосудството, како и за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји.
Италија е значаен партнер во процесот на европска интеграција и континуирано дава поддршка за реформите насочени кон посилно владеење на правото, поефикасно правосудство и одлучна борба против корупцијата, информираат од министерството.
„Преку размена на искуства и заеднички иницијативи, ќе продолжиме да градиме современ и ефикасен правосуден систем во интерес на граѓаните“.
Текстот Шасивари-Палминтери: Италија е наш силен поддржувач на патот кон ЕУ е превземен од МАКФАКС.