
Ракометарот Ненад Белистојановски го заврши развојот со премин во Еурофарм Пелистер кој доаѓа од „двојката“, десното крило со нетрпение го чека новиот предизвик, а во новата сезона ќе работи со искусниот хрватски стратег Лино Червар.
„Мојата физичка спремност е на високо ниво, мислам дека сум спремен за нов предизвик. Се чувствувам многу убаво со првиот тим на Еурофарм Пелистер, со сите репрезентативци и Лино Червар како тренер. Јас ќе го дадам максимум, нашите очекувања како тим се високи одиме да освоиме титула, односно да ја вратиме во Битола. Тренираме напорно и успехот сам ќе дојде“, вели Белистојановски.
Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе атакува на освојување на титулата, која ја брани Вардар.
Александар Ванев, М-Нет