
Штетата од невремето што го оштети кровот на Клиничката болница – Штип се проценува на неколку милиони денари, изјави денеска заменик директор на КБ Штип , Билјана Ефтимова. Таа посочи дека најголеми оштетувања има на кровната конструкција над Одделението за ортопедија, операционата сала и Одделот за интензивно лекување, а конечната проценка ќе биде направена по извештајот од осигурителната компанија.
„Првична проценка е во денакри неколку милиони, но чекаме извештај од осугурителната компанија и уште една проценка затоа што после првиот чин од невремето секако се појавуваат и други делови и работи кои треба да се реконструраат, тоа се однесува на кровот на третиот спрат каде што е сместено ортопедското одделение и ортопедската сала како и единицата за интензивно лекување и кома ценнтарот, тие се најоштетени бидејќи се оставени без кров. Сигурно ќе биде милионска штетата во денари зборувам.“- Билјана Ефтимова
При денешната посета на болницата, министерот за здравство Сашо Клековски истакна дека Министерството ќе обезбеди средства за санација согласно проценетата штета. Целта е реконструкцијата да заврши што е можно побрзо, за засегнатите одделенија повторно да бидат ставени во функција.
„Ние ја следиме сосотојбата во објектот на КБ Штип, во нивниот буџет имаше нелипредвидено сретства за реконструкција. Министерството ќе ја следи работата и во состав на проценката ќе ги одобри неопходните сретства да се завршат работите навреме и ортопедија да се стави во функција час поскоро.“- Сашо Клековски
Дециден е Клековски дека приоритет останува што поскоро да заврши реконструкцијата, за Одделението за ортопедија и останатите засегнати служби повторно да бидат ставени во целосна функција.
Дајана Сандева, М-Нет