Се активира процесот за завршување на КБ Штип, со најавена ревизија, нов меѓународен тендер и избор на изведувач

Се активира процесот за завршување на Клиничката болница во Штип. Од денешната посета на болницата, министерот за здравство Сашо Клековски порача дека се преземаат првите чекори кон завршување на проектот. За два месеца се очекува да заврши ревизијата на постојната состојба, по што ќе биде објавен нов меѓународен тендер за избор на изведувач. Според Клековски, завршувањето на болницата е највисок приоритет на Владата, а проектот ќе се реализира со финансиска и техничка поддршка од Светската банка и Европската инвестициска банка. Кои се следните чекори и кога би можела да биде завршена Клиничката болница во Штип, со детали во продолжение.

,,Со ова посета ги активираме првите чекори кон завршување на КБ Штип. Завршувањето на болницата е највисок прироритет на Владата, на министерството и секакко на градот и регионот и ќе биде во целосен фокус. Светската банка, европската инвестициска банка се во услога на финансиери и на техничка поддршка на проектот. По посетата ќе следи фаза на бифирање (не се слуша зборот убаво) по што ќе ја утврдиме точната временска рамка на завршување на тендерската документација, објавување на новиот тендер и избор на извеедувач за завршување на работите во КБ Штип.“, потенцираше Клековски

Финансиски, проектот за Клиничката болница во Штип е реализиран околу 30 проценти од проектираната вредност. Министерот Клековски појаснува дека градежната состојба е понапредна, бидејќи објектот е во затворена карабина, со завршен најголем дел од фасадата и инсталациите.

,,Ние очекуваме за два месеца да бидат готови ревезиите на постоечката ситуација што ќе биде основа за објавување на меѓународен повик за завршување, да дадеме три месеци за избор на добавувач и на склучување на договор. Ќе работиме со компании со меѓународна репутација и капацитет да ја завршат работата. Во новата болница финанскиот дел е на 30 посто од проектирантие износи, меѓутоа со завршените работи се со во смисла изведени за нечески работи и сл е поголем обемот, поскапиот дел е машинскиот дел. Значи финансиски изведбата е 30 посто, а таа е затворена карабина со најголем дел од фасадата затворена и со најголем дел од инсталациите веќе завршени.“, кажа Клековски

Кога е во прашање втората фаза од изградбата, министерот Клековски рече дека истата опфака рушење на стари објекти, обнова на истите и слично.

,,Втората фаза опфака рушење на стари објекти, обнова на нив, изградба и спојување во една функционална целина. Спрема планот, овој позади треба да се сруши а овој реновира.“, рече Клековски

Очекувањата се дека со завршувањето на ревизијата, објавувањето на меѓународниот повик и изборот на изведувач ќе се создадат услови за продолжување на работите и финализирање на Клиничката болница во Штип.

Иван Митев, М-Нет