
Второлигашите продолжуваат со промоција на нови играчи, а најново име кое доаѓа во Пелистер е Благојче Спиркоски, кој пристига од редовите на Охрид.
30-годишникот ќе биде големо засилување за битолчани, кои сакаат експресен кам-бек во елитата. Низ неговата кариера Спиркоски настапуваше за Хоризонт Турново, 11-ти Октомври, Победа, Еуромилк ГЛ, Македонија ЃП, Силекс, Шкупи, Тиквеш, Гостивар и Кожуф.
Спиркоски всушност е повратник во Пелистер, бидејќи дресот на второлигашот од Битола го носеше и во минатото односно пред пет години.
Во следните денови се очекува засилувања да има и кај останатите второлигаши. Детонит Плачковица е пред потпис со уште едно засилување, а пак Беласица во следниот период треба да промовираш неколку засилувања за подигање на квалитетот во сопствените редови, а токму овие две екипи ќе се соочат и на контролен меч кој ќе се одигра в сабота во Радовиш.
Паралелно со засилувањата кај второлигашите, активност на трансфер пазарот има и кај прволигашите, откако Тиквеш го претстави Бразилецот Жоао Габриел Фереира Сантос популарниот Ренатињо.
Се работи за игра кој игар како десен бек и кој трба да биде големо освежување во редовите на прволигашот од Кавадарци.
Ново име кај Тиквеш е и младиот Андреј Велков, кој е роден во Штип и има 20 години. Доаѓа од Брера Струмица, а во неговата кариера настапуваше и за штипска Брегалница од каде и ја започна кариерата.
Тиквеш со убедлива победа од 5:1 ја отвори сезоната во Прва лига, а со ангажманот на Ренатињо се очекува зголемување на квалитетот во сопствените редови.
Александар Ванев, М-