
Третолигашите со амбиции активно работат на градење на квалитетни ростери за остварување на своите цели – влез во Втората македонска фудбалска лига.
Во Трета лига регион 1 фаворити ќе бидат Илинден и БВК Коњаре, а за таа цел и двете екипи изгради квалитетни ростери со кои веќе прават разлика во однос на останатите екипи кои ќе бидат во овој регион.
Екипата на Илинден досега промовираше многу квалитетни засилувања, поранешни репрезентативци и играчи со меѓународно искуство.
Како што претходно објавивме Горан Симов е нов шеф на стручниот штаб, а нови имиња во ростерот се искусниот Дарио Десниќ, Давид Ристовски, Кристијан Ристовски, Кристијан Ивановски, Матеј Божиновски, Марио Маркулев, Иван Ташовски, тука е искусниот Дарко Глишиќ, Кристијан Чурлинов, Филип Манасиевски, искусниот Ален Јашароски и Леонид Стојкоски.
Во тимот на БВК Коњаре официјално се промовирани Ерблин Даци, Омер Сулејман, Амар Мустафа, Бурим Алиев, Иљаз Чилафи, Јусуф Алиу, Руфат Чилафи, како и голманот Бурхан Мустафа. Нов тренер на БВК Коњаре ќе биде Алиса Виши, кој го водеше Шкупи минатата сезона во Прва лига.
Во Трета лига регион 2 ќе се натпреваруваат екипи од Куманово, Кратово, Крива Паланка, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце.
Во овој регион како фаворит се издвојува Куманово, кој успеа да го задржи ростерот од минатата сезона, а во следниот период ќе биде тимот засилен со квалитетни засилувања. Подготовките и официјално ќе бидат започнати на 4 август. Во следниот период ќе бидат познати екипите кои се натпреваруваат во овој регион, а со тоа ќе бидат познати и екипи кои ќе сакаат да му бидат конкурентни на Куманово.
Александар Ванев, М-Нет