Кочанската депонија вон функција – проблем со отпадот во двете општини Виница и Чешиново-Облешево

Вон функција е градската депонија во Кочани поради пожарот што избувна вчера таму. Додека не се среди состојбата, во двете општини Виница и Чешиново-Облешево ќе има ограничувања во собирањето на сметот, бидејќи моментално нема каде да се носи отпадот.

Како што информираат од Јавно претпријатие за комунални дејности од „Облешево“ и ЈП „Солидарност“ – Виница, поради настаниот проблем, депонијата во Кочани не може да прима отпад додека трае санирањето на пожарот. Оттаму информираат дека поради полните камиони и неможноста отпадот да се однесе на депонијата, собирањето ќе се врши само од контејнерите и од најглавните сообраќајници.

Ваквата состојба, според информациите од двете претпријатијата, ќе трае неколку дена, односно додека не заврши санирањето на пожарот и депонијата повторно не биде ставена во функција.

По нормализирањето на состојбата, собирањето на сметот ќе продолжи според редовниот распоред. Претпријатијата замолуваат до граѓаните да не го изнесувате отпадот на улиците за да не се разнесува по нив. Како што надеваме дека од среда ќе се нормализира собирањето на отпадот.

Иван Митев, М-Нет