Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од среда во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Текстот Утре сончево време со температура до 36 степени е превземен од МАКФАКС.