
Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 08.00 до 14.00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.
Од извршената акциска контрола откриени се вкупно 22 прекршоци од нив: 6 возачи управувале со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и 16 во населено место.
Преземени се 22 мерки за горенаведените прекршоци. Санкционирани се и 26 останати прекршоци.