Штип – Санкционирани возачи поради брзо возење

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 08.00 до 14.00 часот  од страна на полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип,  спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Од извршената акциска контрола откриени се вкупно 22 прекршоци од нив: 6 возачи управувале со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и 16 во населено место.

Преземени се 22 мерки за горенаведените прекршоци. Санкционирани се и 26 останати прекршоци.