
Македонскиот шампион Вардар со победа ги заврши подготовките во Италија, откако на последниот тест славеше над Виртус од Сан Марино со резултат од 3:2. „Вардарци“ на полувреме имаа предност од два погодоци.
Македонскиот шампион кој го чека европско лето односно ќе игра во првото квалификациско коло во Лигата на шампиони против Купс беше подобар од вицепрвакот на Сан Марино и победнички се насочува кон новата сезона и европските предизвици.
Резултатот го отвори Горан Закариќ по седум минути игра по асистенција на Пиреш, а во 20. минута Дарко Велковски ја дуплираше предност по асистенција на Закариќ. Во вториот дел Виртус израмни на 2:2 со погодоци во 52. и 55. минута, а Закариќ одново по асистенција на Пиреш во 80. минута ги постави конечните 3:2 за триумф на Вардар.
Вардар треба утре да се врати од Италија и да се насочи кон првиот европски предизвик против Купс од Финска. Првиот меч се игра во Скопје закажан за 7 јули, а на 14 јули е закажан реваншот.
Александар Ванев, М-Нет