Вицешампионот Наковски Волеј пријави учество во БВА Балканскиот клупски куп 2026

ФОТО: ОФМ

Македонскиот вицешампионот во Првата женска одбојкарска лига и финалистот од Купот на ОФМ, Наковски Волеј пријави учество во БВА Балканскиот клупски куп 2026.

По ланското премиерно учество во европскиот Челинџ куп, во новата сезона еден од најдобрите македонски клубови ќе биде дел од балканското друштво, со екипите од регионот, што ќе биде можност повеќе за македонскиот тим да стекнува меѓународно искуство и да има натпревари со силно темпо.

Наковски Волеј покрај апликацијата за учество поднесе и барање за организација на турнир, што е уште една потврда за самиот тим кој важи за доста добро организаран и клуб кој од сезона во сезона има напредок.

БВА купот традиционално се одржува пред почетокот на новата сезона – септември или почетокот на октомври, а победникот од ова натпреварување обезбедува пласман во ЦЕВ Челинџ купот.

Александар Ванев, М-Нет