Влатко Стефановски Трио вечерва ќе го отвори 41. издание на „Штипско културно лето“ во Дом на млади, Штип

Со концертот на Влатко Стефановски Трио, кој започнува вечерва од 21 часот на големата сцена во Домот на млади во Штип, свечено ќе се одбележи стартот на 41. издание на „Штипско културно лето“. Како што истакна директорот на Домот на млади, Видан Лазарев, годинашната програма нуди квалитетни културни содржини и настани наменети за сите генерации. Бесплатниот концерт на еден од најистакнатите македонски музичари претставува одличен почеток на летната културна манифестација.

„41 издание на штипско куктурно лето повторно е во дом на млади Штип на големата сцена. Денес ќе настапи Влатко Стефановски со неговото трио. Ги поканувам сите граѓани да присуствуваат на овој убав концерт кој ќе го одбележи стартот на програмата на „Штиспко културно лето“ во Дом на млади Штип. Влезот за концертот на Влатко Стефановски е бесплатен, сите граѓани може да присуствуваат и ги каниме во исто време да дојдат да го проследат овој убав настан. Домот на млади е домаќин на неколку настани на неколку концерти, помеѓу кои Астибо БИГ БЕНД ќе настапи на 30 јуни и Давид Темелков ќе натсапи на 5 јули. Исто така и овие концерти се бесплатни за сите граѓани и ги покануваме да присуствуваат на овие убав настани.“- Видан Лазарев, директор на општинската установа за култура „Дом на млади“ во Штип

Како што истакна Лазарев, во наредниот период следуваат и концертите на Астибо Биг Бенд и Давид Темелков, кои исто така ќе бидат со бесплатен влез.

Организаторите ги покануваат граѓаните да присуствуваат и да уживаат во богатата програма што следува во рамки на „Штипско културно лето“.

Дајана Сандева, М-Нет