
Голманот Градимир Чаневски ја промени својата средината и во новата сезона ќе настапува одново во дресот на Бутел Скопје, откако ја заврши соработката со Охрид.
Се работи за искусне голман, кој по четири години се враќа во скопскиот суперлигаш, односно последно дресот на Бутел го носеше во сезона 2021/2022, а сега во Бутел Скопје ќе работи со Стојанче Стоилов.
Чаневски потекнува од школата на Металург, беше дел и од Вардар и Вардар Јуниор, како и Еурофарм пелистер, градеше меѓународна кариера во Израел.
Македонскиот стратег Горан Кузмановски и официјално беше претставен како нов тренер на Строволу од Никозија во Кипар. Се работи за амбициозен проект, а големото искуство на македонскиот стратег ќе биде клучно. Во Македонија, Кузманоски работеше со Прилеп, Скопје и Бутел, а во моментот е селектор на У-18 репрезентацијата на Македонија.
Повратникот во Супер лигата, екипата на Младост од Богданци продолжува со засилувањата, а ново име е Владимир Бојаниќ, кој доаѓа од Охрид. Српскиот интернационалец висок 205 сантиметри, кој неодамна доби и македонски пасош, зад себе има богата кариера, а покрај за Охрид беше дел од Металопластика, Војводина, Горење Велење и Бешикташ. За тимот од Богданци ова ќе биде големо засилување.
Младиот голман Кристијан Костадиновски е пред можноста за прв интернационален трансфер, откако се раздели со Младост од Богданци по обезбедената промоција во Супер лигата.
Костадиноски низ кариерата беше дел и од Радовиш и Пелистер од каде и потекнува, а пред битолчанецот има понуди од Италија и Босна и Херцеговина.
Александар Ванев, М-Нет