
Цел зелен град на површина од 60.000 квадратни метри се гради на влезот во Штип, а инвеститор на проектот е штипската компанија Јофа Текс. Станува збор за голем комплекс во кој ќе има производствени капацитети, продавници и трговски центар. Како што појасни сопственикот на оваа компанија, Марјан Јовчевски, објектот дел од потребната електрична енергија ќе ја обезбедува преку сончеви панели, додека пречистената вода повторно ќе се користи за наводнување.
,,Во моментот Јофа текс е инвеститор на еден поголем комплекс на влезот во Штип. Во моментот е рана фаза за тој објект, сега се гради, а мислам дека на есен ќе имаме малку повеќе. Тоа е еден огромен објект кој што се протира на 60 000 метри квадратни простор, а некаде под кров е 22 500 метри квадратни. Самиот објект има повеќе намени, има некакво производство, има трговски дел, има ритаел шоп, има мол. Тоа е зелен објект практично еден цел град зелен, кој што има и се напојува со своја мрежа за вода, се напојува од фотоволтаици, па се складира во батерии струјата, а покасно водата која што е од фекалните чворови се рефелтрира и оди пак во змејоделието како чиста вода за наводнување.
Со овој проект на влезот во Штип треба да никне голем комплекс кој ќе има и производство и продавници. Од инвеститорот велат дека градбата е во тек и ќе се гради во фази. Повеќе детали се очекуваат во периодот што следи.
Иван Митев, М-Нет