Од ЕВН Македонија информираат дека денес (13 јуни 2026 година, сабота) поради планирани технички зафати ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од општините Петровец и Сарај.
Во периодот од 08:00 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Бадар, Кожле и Блаце, како и жителите на населбата Тотинци и корисниците во тунелите Катланово, на подрачјето на Општина Петровец.
Во периодот од 08:30 до 12:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од село Сарај, лоцирани позади старата џамија, во Општина Сарај.
Текстот ЕВН најави прекини на струја во Петровец и Сарај е превземен од МАКФАКС.