
Фудбалската репрезентација на Македонија до 20 години забележа пораз од селекцијата на САД до 20 години на пријателски натпревар кој се одигра во Бугарија.
Избраниците на селекторот Александар Таневски одиграа квалитетен и корисен тест против силен противник, натпревар кој послужи како добра проверка и можност за дополнително воигрување на тимот.
Првиот гол Македонија го прими во судиското надополнување на првото полувреме, а пак вториот гол го прими во судиското надополнување на самиот меч односно 92. минута.
Македонија имаше освои шанси кои не успеа да ги претвори во гол преку Димитар Данев, Адмир Љатифи и салим Арифи.
Македонската репрезентација натпреварот го започнаа со Васил Ташовски, Златко Радески, Андреј Велков, Адис Мурати, Лука Атанасовски, Димитар Данев, Емир Шаботиќ, Салим Арифи, Тео Сандев, Адмир Љатифи и Даниел Диковски.
Во второто полувреме селекторот Таневски шанса им даде и на Стефан Јованоски, Андреј Мурџески, Фидан Шерифи, Димитар Мартиновски, Виктор Делов, Габриел Крстевски, Андреј Стојановски, Мирза Хасиќ, Иван Шириќ, Гоко Спасов, во игра влезе и штипјанецот Лука Бојаџиев кој го носи дресот на Брегалница и Шабан Мемети.
Александар Ванев, М-Нет