Кристијан Ацковски донесе празнична победа на Македонија У – 21 против Фарските острови

Празнично, на денот на независноста на Македонија селекцијата У -21 оствари вредна победа на гостувањето на Фарските Острови. Ова беше квалификциски натпревар за Европското првенство за млади до 21 година. Македонија победи со резултат од 1:2 а решавачкиот гол за нашата селекција го постигна фудбалерот на Брегалница Кристијан Ацковски во 80 м. Претходно за 0:1 стррелаше Милан Ристовски а голот за Фарските Острови го постигна Петур Кнудсен. Со оваа победа селекцијата на Македонија предводена од селекторот Благоја Милевски изби на второто место на табелата со 10 освоени бодови пред Израел кој има 8 бодови и натпревар помалку. Прва на табелата е селекцијата на Шпанија со 16 бодови, четвртото и петтото место го делат Црна Гора и Казакстан со по 7 бодови и на последното 6 место се Фарските острови со 3 освоени бодови.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk