Македонија со пад од две места на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација на Македонија со пад од две места на најновата ФИФА листа. На последните две средби македонската репрезентација одигра 0:0 со Босна и Херцеговина во Сараево, а имаше висок пораз од 4:0 од Турција во Истанбул, со што сега Македонија е на 69. место на најновиот ранкинг.

На последните пет средби Македонија има пораз од Велс од 7:1, пораз од Данска со 4:0, две ремија со Ирска и БиХ без голови (0:0) и пораз од Турција од 4:0.

БиХ има напредок од едно место и сега е на 64. позиција, Словенија останува 58. место, Србија има пад од две места и сега е на 41. место, Турција останува на 22. место.

на врвот е Аргентина, втора е Шпанија, трета е Франција, на четвртото место е Англија, Португалија е на 5. место, Бразил е шести, Мароко скокна на седмото место, а Холандија се спушти на осмото место, Белгија е деветта, Германија е десетта, а од Балканот најдобра е Хрватска позиционирана на 11. место, а пак Италија е на 12. место на светската листа на ФИФА.

Александар Ванев, М-Нет