
Утре во девет часот, 420 матуранти ќе седнат на жешко столче за да го положат првиот задолжителене испит по странски јазик или математика од државната матура во Штип. Според информациите од општината, учениците на местото на полагањето треба да бидат во 07:45 минути. Како и претходно, така и годинава полагањето ќе се одвива во кампус два и четири. Во кампус два полагаат четири средни училишта, како СОУ Гимназија Славчо Стојменски, ДСУ Коле Нехтенин, СОУ Димитар Мирасчиев и ДМУЦ Сергеј Михалов. Во кампус четири остануваат учениците од СОУ Јане Сандански.
„На 6 јуни започнува полагањето на државната матурам со првиот задолжителен испит, а тоа е полагањето на трански јазик или математика. Еден од предметите кои учениците ке ги изберат. Полагањето како и лани и оваа година ќе се одвива во просториите на УГД Штип. Започнува во девет часот, мегутоа ученциите на местото на полагање треба да бидат во 07:45. Во капус два ќе полагаат четири средни училишта а тоа се , Гимназија Славчо Стојменски, ДСУ Коле Нехтенин, СОУ Димитар Мирасчиев и ДСМУ Сергеј Михајлов од Штип. Во кампус 4 ке полагаат учениците од СОУ Јане Сандански.“, кажа Санева
Од вкупниот број 420 ученика, дури 372 ќе полагаат државна матура, 15 државна стручна, а само 33 уметничка матура. Останатите учени 83 полагаат или училишна или завршен испит.
,,Учениците кои што полагаат некаков вид матура на ниво на општина се вкупно на број 420, од кои 372 полагаат државна матура, 15 полагаат државна струча и 33 полагаат државна уметничка матура. Останатите уечнции 83 поалгаат или училишна или завршен испит.“, додава Санева
Инаку и оваа година очекувањата се дека матурантите успешно ке го положат својот испит и ќе можат да се запишат на еден од факултетит во и надвор од градот.
Иван Митев, М-Нет