
Со фотографии од своите чеда во рака, солзи во очите и транспаренти со пораки за правда, родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, заедно со жителите на пробиштипското село Ратавица, ја одбележаа задушницата. Во болка и тишина, тие им оддадоа почит на 63-те млади животи што згаснаа во трагичниот пожар во Кочани. Жителите и блиските роднини на загинатите, испратија јасна пораката „И ние сме со вас“, како знак на заедништво и поддршка. Присутните повторно побараа правда и одговорност за трагедијата што ја потресе целата држава. Велат дека болката не поминува, но дека споменот за нивните најмили ќе остане да живее засекогаш.
Пред присутните, од лицеместо се обрати Валентина Христовска, мајката на Павел Христовски, кој со солзи и болка во душата се заблагодари за поддршката.
Маршот за овие ангели, продолжува и понатаму. Родителтие велат за правдата на своите чеда ќе се борат до крај. Судењето е се уште во тек. Пожарот зеде 63 живота, а повреди околу 200 лица, кои беа траснпортирани на лекување во и надвор од државата. Во моментот дел од нив се уште примаат терапија.
Иван Митев, М-Нет