
На 30.05.2026 во 21:34 часот 40-годишна жена пријави дека во Штип била опожарена нејзината куќа. Од страна на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Известен е јавен обвинител. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.