Делчевец заработи кривична: 4 пати предупредуван, одбивал да го тргне возилото од опасна зона кај ТНГ станица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.П.(50) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени  кривични дела „неотстранување опасност“ и „неучество во отстранување општа опасност. Од советник во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи Штип-Делчево, на пријавениот во четири наврати му било укажано и наложено од паркинг простор кој се наоѓа до објект на Станица за снабдување на моторни возила со ТНГ, контејнер за празни и полни боци со ТНГ за домаќинства, да го отстрани патничкото возило „опел мерива“, кое таму го паркирал, а со цел да не дојде до предизвикување на опасност за животот или телото на луѓе или имот од значителен обем. Пријавениот се спротивставувал на наредбата и укажувањето од надлежен орган и не го отстранил возилото.